Полицијата го ослободи приведениот за заканите со бомбите

by Фокус

Полицијата по распитот го ослободи приведениот Н.Н. за заканите со бомбите во средните скопски училишта.

„По извршениот службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во домот на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје“, соопшти МВР.

Платформа именувана како „Конзерватив.мк” синоќа на својот фејсбук-профил објави дека нивниот член и активист Никола Николовски е приведеното лице за наводна поврзаност со заканите за поставени бомби кои ги добија неколку средни училишта во Скопје, но дека тој е неправедно уапсен.

Поврзани новости