574
Две лица на возраст помеѓу 26 и 19 години од Велес се уапсени и приведени во полициска станица, откако на отпадот во Тетово се обидувале да продадат патничко моторно возило „југо“, кое претходно беше украдено во Скопје.
26-годишниот Н.Д. и 19-годишниот С.Д. се уапсени вчера околу 16.00 часот на улицата „29 Ноември“ во Тетово. „Југото“ било без регистерски ознаки и со фалсификувана сообраќајна дозвола.
По лишувањето од слобода и нивното задржување во Полициската станица Тетово, утврдено е дека С.Д. се барал со централен распис за извршени тешки кражби.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.