775
Албанскиот премиер Eди Рама одбил да носи маска во авион за време на четвртиот пандемиски бран, соопшти полицијата.
Рама направил проблем во авион на Луфтханза додека траеше на четвртиот пандемиски бран, објави Шпигел.
Кога и пилотот не успеал да го убеди да стави маска повикале полиција. Инцидентот се случил во декември лани на линијата Франкфурт-Детроит.
Полицијата го исфрлила Рама од авионот. Тој потоа разговарал со функционер од германското Министерство за надворешни работи, и прифатил да носи маска, по што заедно со својата десетчлена делегација се качиле на следниот лет за САД. Дел од земјите сега ги олабавија рестрикции за патување.