Полицијата го фати на спиење 64-годишниот двоен убиец Алија Балијагиќ

by Fokus

Алија Балијагиќ (64) е уапсен рано утринава во 03.05 часот во селото Голеша, кај Прибој (Србија).

Пред неколку дена беше забележано дека Алија Балијагиќ се движи на територијата на Прибој. Извадена е ДНК од куќа во која се сомневале дека живее во селата околу Голеш. Најпрво го забележале ловците.

Потрагата била внимателно испланирана и бегалецот бил фатен на спиење, во најдобар можен момент бидејќи не можел да пружи никаков отпор. Бидејќи се работи за вооружено и опасно лице, изјави полициски извор за РИНА.

За време на неговото бегство, кое траеше над 20 дена, Балијагиќ поминал преку 100 километри, посетувајќи ги селата Бјепоље, Пријепоље, Плеваље, а потоа и Прибоје. Се движеше по теренот кој исклучително добро го познава, каде пред дваесет години со месеци се криеше од полицијата.

При апсењето биле пронајдени и две ловечки пушки. Во неговите џебови и до него била пронајдена поголема количина муниција.

Алија Баљагиќ е осомничен дека извршил двојно убиство во селото Соколац кај Бијело Поље.

 

Поврзани новости