Полицијата го бара човекот кој утрово падна во Дојранското Езеро

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се трага по 42 годишен маж од Штип, кој утрово паднал во водите на Дојранското Езеро.

„На 13.08.2023 во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало. Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за 42-годишник од Штип. Нуркачки тим од САЕ „Тигар“ презема мерки за пронаоѓање и извлекување на телото“, соопшти МВР.

Поврзани новости