Полицијата го бара Агим Красниќи, откако не се вратил во штипскиот затвор

by Фокус

Кондовецот Агим Красниќи од вчера е во бегство, откако не се вратил во затворот во Штип, потврдуваат од штипскиот затвор.

Красниќи бил пуштен дома, но вчера не се вратил назад, па се води за бегалец по кој трага полицијата.

После 9 години во затвор, тој во ноември 2017 година доби право да оди дома за викенди.

Инаку, беше уапсен во 2008 година заедно со неговата седумчлена група за предизвикуваење неправилности на тогашните парламентарни избори, неовластено поседување оружје и злосторничко здружување.

Таканаречената кондовска група доби вкупно 50 години затворска казна.

Поврзани новости