393
„Дојдете со нас, спуштете ги штитовите“, со овие извици демонстрантите пред Владата успеаа да ги натераат дел од полицајците да ги отворат рампите и да го пуштат насобраниот народ директно пред зградата на Владата.
Насобраните сега се пред влезот на Владата.
Протестираат во знак на револт што власта се обидела да го прикрива убиството на Мартин Нешковски, што беше обелоденето на денешната бомба на опозицијата.