Патрола на сообраќајната полиција ги сопрела Ангела Ѓорѓиевска и Али Фуркан неколку часа откако го убиле Пинета Секондо, додека со автомобилот „опел аскона“ на Фуркан се возеле од Ѓоре Петров кон Скопје, дознава „Код“. Полицајците не ни претпоставиле што се случило претходно, па по легитимирањето ги пуштиле.
Според информациите на „Код“ од извори на истрагата, на убијците им помогнал пријател на Фуркан, кој им донел облека за да се пресоблечат, но наводно не знаел дека двајцата извршиле убиство.
Тие наводно со автомобилот на Пино, „шкода фабија“ заминале кон Сингелиќ каде го убиле момчето, а потоа се вратиле во Ѓорче Петров, каде наводно Али ја оставил својата кола „Опел аскона“.
Тие со пријателот се сретнале во Топанско Поле, каде се пресоблеке и заминале во Ѓорче, па кога возеле кон Центар ги сопрела полиција.
Двајцата наводно биле и во кафуле пред да се вратат во Сингелиќ каде се префрлиле во „шкодата“ и заминале на Башинец каде го закопале.