Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

by Fokus

Синоќа по 22 часот полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари кои се изгубија над тетовското село Пршовце.

За исчезнувањето на планинарите од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, во 21.30 часот пријавил А.Р. од тетовско Боговиње откако не можел да стапи во контакт со нив.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

Поврзани новости