Полицијата фати затвореник-убиец и го врати во „Идризово“

by fokus

Осуденик од „Идризово“ денеска бил уапсен кај Тетово и експресно вратен во затворот на доиздржување на затворската казна за сторено дело „убиство“.

„Денеска (05.11.2019) околу 12 часот, на регионалниот пат Тетово-Брвеница, со наредба од Казнено-поправната установа „Идризово“, полициски службеници на СВР Тетово  го привеле  Џ.Д.(50) од Тетово, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „убиство“.  Џ.Д. е спроведен во КПУ„Идризово“ на доиздржување на затворската казна, од каде претходно избегал“, соопштуваат од МВР.

 

Поврзани новости