Полицијата фати тетовец додека ја тепал својата девојка

by Fokus

Жител на Тетово бил уапсен затоа што бил затекнат како ја тепа неговата девојка во Тетово и веднаш за него ќе следи соодветна казна.

„Вчера наутро во 08.20 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.А. (29) од тетовско Боговиње. Тој бил затекнат при физички напад врз неговата 26-годишна девојка од Прилеп, со привремено живеалиште во Тетово. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости