281
Малолетник украл автомобил на подрачјето на Општина Гази Баба во мај годинава, а денес во присуство на родител и адвокат полицијата извршила службен разговор со него.
-По преземени мерки и активности, денеска полициски службеници од ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело одземање на моторно возило. Имено, по извршено вештачење било утврдено дека малолетник од Скопје на 03.05.2023 на подрачје на Гази Баба одзел патничко возило хјундаи акцент со скопски регистарски ознаки. Денеска во Полициската станица Гази Баба, во присуство на родител и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетникот, во кој тој го признал делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.