Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведен бегалец од затвор, кој е осуден на шест години и 10 месеци затворска казна
„Денес во 15.05 часот на ул.„Анри Барбис“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и девет месеци од казната“, соопшти МВР.
Од МВР велат дека лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.