Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

by fokus

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници, јави Мета.

Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем број комбиња, автомобили, но и полициски возила помеѓу нив.

– Во вреќите има доверлив материјал кој треба комисијата на ДИК да го провери. Тие не се отвораат туку се проѕирни и имаат лепенки на кои пишува што содржат внатре. Доколку има приговори, овие доверливи материјали ќе служат како доказ. Избирачкиот материјал ќе биде во Клубот на пратеници си додека ДИК не ги направи сите записници, а потоа ќе се пренесе во нашите магацини. Порано оваа процедура се правеше во големата просторија на ДИК, но сега таа ја користиме како прес-центар и затоа гласачкиот материјал за овие избори се чува во Клуб на пратеници – вели портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гугучевска додава дека рокот за поднесување приговори до ДИК е 48 часа и истекува утре во 19 часот.

Поврзани новости