495
Полициски инспектори минатата недела ги проверувале безбедносните камери во Судскиот совет откако еден од членовите се посомневал дека некој му влегува во канцеларија додека не е на работа.
-На работен колегиум дискутиравме со тоа дека имало индивидуални видувања на некој од колегите за сомнежи со влегување во канцеларија. По дискусија на колегиум донесовме заедничка одлука на Советот таквите сомнежи да ги испитаме. Не гледам проблем во ситуацијата, не се криеме од состојбата. Редно е тоа да се испита. Мислам дека е целисходно да го испитаме тоа. Почнато е да се работи во тој дел, изјави денеска претседателот на Советот, Сашко Георгиев.
Ваква прверка во Судскиот совет имало во петокот, но не се сооштува дали е нешто откриено.