Полиција упаднала во клиниката што ја користат Србите во Приштина, a лекарите се однесени во полициска станица.
Припадниците на косовската полиција извршиле претрес во импровизирана клиника во Приштина и во полициска станица спровеле група лекари и медицински персонал коишто што се дел здравствениот систем на српската Влада кои обезбедуваат здравствена заштита на преостанатите Срби во тој град, информираат медиумите во Србија, јавува РТС.
Медицинскиот персонал е внесен во зградата на полициската станица чиј влез е веднаш до просториите што Србите ги користеле како амбуланта.
Освен што го привела српскиот медицински персонал, полицијата запленила и амбулантно возило на приштинскиот здравствен дом со белградски регистарски таблички. Мотивите засега се непознати.
Полицијата пред неколку години се обидела да ги преземе токму овие простории. Oдносите меѓу Србија и Косово не се на задоволително ниво. Србија неодамна реагираше за одлуката на Приштина да го укине српскиот динар.