609
Полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на А.Х.(55) од Струмица ноќеска во 1 часот по полноќ, по претходна пријава и издадена судска наредба.
Притоа, било констатирано дека неговиот син Х.Х.(26) организирал приватна забава со уште 11 лица, со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.