Полиција на Боемска, целта се снимките од кафеаната каде бил затекнат Мицкоски?

by Фокус

Полицајци од СВР Скопје и припадници на Специјалната единица за брзо распоредување (ЕБР) во моментов се распоредени на Боемската улица во Скопје, при што го чуваат објектот во кој денеска беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во време кога е забрането угостителските објекти да примаат гости внатре во објектите.

На терен е началникот на СВР Скопје Ристо Ставревски, поставен од министерот Наќе Чулев, кој изјави дека дошол на местото по дојава од гости и дописи во јавноста.

-Јас добив информации дека физички била нападната пазарната инспекција додека ја вршеле својата работа. Тука имаше полициски службеници за доколку имало напад веднаш да постапуваме за загрозување на безбедноста, но од инспекторатот ни беше посочено дека немало таков настан. Преку медиумите видов дека присустни се претставници на ЕБР без мое знаење и добиле наредба од Директорот на Бирото за јавна безбедност – рече Ставревски.

Тој вели на терен го затекнал и дополнителниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, за кој се пожали дека немаат соработка за случајот.

-Бев информиран дека во објектот има лица внатре во објектот. Добивме наредба од директорот да бидеме присутни и да ја следиме состојбата, чекаме наредба од судија на претходна постапка за да се влезе да се проверат наводите и информациите во јавноста. Се чека обезбедување на наредбата, после тоа ќе се влезе ќе се бараат безбедносни камери. Ќе влеземе да видиме и дали има некој внатре – рече Ставревски.

360 Степени објавува дека реакциите на различни полициски сили и привидната некоординација е сомнежот дека е можно да бидат избришани снимките од надзорните камери во ресторанот.

Поврзани новости