Вчера на аеродромот во Сараево дошло до судир помеѓу личното обезбедување на Ердоган и граничната полиција на Босна и Херцеговина. Причината за ова било одбивањето на некои од членовите на обезбедувањето да поминат низ редовната контрола која се извршувала на аеродромот.
По првичната вербална расправа, инцидентот се заострил кога турското обезбедување земало оружје и го ставило на појасите.
Судирот се смирил со излегувањето на Ердоган од авионот.
Инцидентот беше потврден од страна на директорот на граничната полиција на Босна и Херцеговина, Зоран Гајиќ, кој ја пофали реакцијата на полицијата и нивната професионалност.
Според Кликс, турското обезбедување и во минатото се однесувало арогантно кон босанската гранична полиција.
Турската делегација во БиХ престојува поради самитот на Процесот за соработка на југоисточна Европа.