Полиција ја обезбедува адвокатската канцеларија во која се наоѓа српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ кои не се таму да го апсат, туку само го чуваат до конечната одлука на министерот за имиграција, Алекс Хоук.
Според законот, Хоук има рок од четири часа по одлуката на судот да го ослободи Ѓоковиќ за да одлучи дали ќе го искористи своето дискреционо право да ја укине неговата виза и да нареди депортација.
Тоа значи дека Хоук наскоро, околу 11.30 часот по наше време треба да ја соопшти одлуката, по четирите часа од одлуката на Ентони Кели.
Новинарката Карен Свини напиша дека пред зградата каде што е адвокатската канцеларија стои обична, а не гранична полиција, која му ги донела сите работи.
Пред канцеларијата на адвокатот на Новак Ѓоковиќ на улицата Колинс има огромен број на поддржувачи, а автомобилот што излегол од канцеларијата е целосно опкружен со луѓе што извикуваат „Ослободете го Ноле“. Претходно неговото семејство соопшти дека австралиските власти сакаат пак да го затворат и депортираат Ѓоковиќ, а се појавија информации и дека тој е уапсен.
Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ изјави дека однесувањето на австралиските власти кон тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој помина неколку дена во притвор во Мелбурн поради испрашувањата во врска со медицинското ослободување за влез во таа земја без потврда за вакцинација против коронавирус, е „генерално срамно“ и „политичко малтретирање“.
Дачиќ, кој е и поранешен министер за надворешни работи, за ТВ Хепи изјави дека „очигледно австралиските власти ќе одлучат да го депортираат“ Ѓоковиќ, кому ќе му биде забранет влез во таа земја на три години доколку му биде укината визата.
-Секоја држава има дискреционо право да одбие некому да влезе во земјата, но речиси никогаш не се работело за познати личности како што сега се прави со Новак Ѓоковиќ. Тоа е нешто што ретко се гледа. Генерално, таа постапка е срамна и мора да има реакција од наша страна, изјави Дачиќ.
Тој оцени и дека „државата има ограничено поле каде може да реагира“.