118
Во текот на вчерашниот ден (08.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 542 возачи.
Од нив 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, a седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 325 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 217 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.