Полицајците од Кочани на протест поради суспензија на четворица колеги

by Fokus

Независниот синдикат на полицијата денеска организираше протест пред Одделението за внатрешни работи во Кочани поради суспендирање на четворица полициски службеници.

Од собирот беше упатено барање до началникот на ОВР – Кочани и до Министерството за внатрешни работи да ги преиспитаат причините за изречените казни и поднесените кривични пријави против полицајците, кои се обвинети за злоупотреба на службената должност и овластувањата.

– Работата е многу сериозна, затоа што четири лица ќе си заминат, не само од Македонија, туку и од Балканот, па и пасошите ги кинат. Тие добија четири суспензии, неосновано, без да се помине процедурата и постапката што е предвидена во МВР, без согласност на одредени лица кои требало да ги поминат насоките што ги дал началникот на ОВР – Кочани.

Министерот за внатрешни работи потпишал решенија за суспензиите и треба да каже кои се причините за тоа. Исто така, го повикуваме и Македонскиот полициски синдикат да ни се придружи и да ја поткрепи работата на Независниот синдикат, за да се расчистат сите небулози што се случуваат во полицијата, истакна Гоце Делчев Тодев, престедател на Независниот синдикат на полицијата.

Поврзани новости