Полицајците кои ги исфрлија новинарите и пратениците на „црниот понеделник“ биле наградени со 12.000 денари

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека полициските службеници кои беа вклучени во „Црниот понеделник“ на 24 декември во 2012 година биле наградени од тогашната министерка за внатрешни работи.

– Не се реагираше како што треба и не можеше да биде расчистен, бидејќи беше дадена наредба на полициски службеници да дојдат да ги исфрлат новинарите и пратениците. И не само што ги исфрлија, еве за јавноста да кажам, тогашниот министер за внатрешни работи ги наградил сите тие полициски службеници со по 12.000 денари додаток на плата – рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Поврзани новости