541
Од Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите се упатија кон Собранието, но по пат застанаа пред Министерството за права. Полицајците кои го чуваа Минисерството им дозволија да дојдат веднаш до зградата и освен со балони со боја, и со пушки полни со боја да го обојат Министерството.
Незадоволните граѓани пеат „Шутка не ти бега, Никола“ и извикуваат „Мафија на робија“ и „Нема правда, нема мир“. Тие во овие моменти пристигнуваат пред Собранието, што е нивна крајна дестинација за денеска.
ФОТО: Сакам да кажам (sdk.mk)