Жител на Тетово заработи кривична пријава поради „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „загрозување на сигурноста“, откако во неговиот дом бил пронајден голем арсенал на оружје и муниција.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Р.(64) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи‘’ и „загрозување на сигурноста“. На 19.07.2019 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка, пиштол „Глок’’ со шест куршуми, 29 куршуми од автоматска пушка со калибар 7,62 мм, 25 парчиња пиштолска муниција со калибар 7,62 мм и седум куршуми „Магнум 357“. Додека во јуни 2019 во домот на неговиот братучед Р.И., пријавениот во два наврати упатил закани по животот на Р.И. и животот на членовите од неговото семејство“, соопштуваат од МВР.