937
Полицајци ноќеска во три часот по полноќ привеле свој колега бидејќи одбил да се идентификува и се однесувал агресивно кон нив.
Инцидентот се случил на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Агресивниот полицаец бил приведен во полициското одделение Шуто Оризари.
Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.