Полицајци нападнати во обид да спречат кражба

by Fokus

Околу 15 часот полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода пет лица кои се обиделе да извршат кражба во црква кај место викано Елките во Штип и нападнале полициски службеници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во писменото соопштение се вели дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според првичните информации повредени се двајца полициски службеници кои се транспортирани во Клиничка болница Штип.

Повеќе информации за случајот ќе има во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости