1K
Под истражни мерки на внатрешна контрола се 30 полициски службеници од граничниот премин „Блаце“ поради сомнение дека намерно ги оштетиле камерите што ги носат на себе.
Алсат од извори во полицијата дознава дека мотивот за кршење на камерите бил да не се снимаат докази од ситуации кога полицајци ја злоупотребуваат службената положба. МВР повело повеќе истражни постапки за докажување на одговорноста за намерно уништување на камерите, но засега нема кривични пријави.