2
Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по наредба од Основен кривичен суд Скопје извршиле претрес на дом на С.Р. (43) во Скопје, на територија на Кисела Вода.
При претресот пронајдени се 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало две грутки бела материја и бела прашкаста материја.
СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО, а судија на претходна постапка на С.Р. му одреди 30 дена притвор.