Полицаец во Дебрешта им кажувал на гласачите кој број да го заокружат

by fokus

МВР во текот на денот забележало неколку неправилности поврзани со изборни нерегуларности. Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник кој обезбедувал избирачко место, во училиштето во село Дебрешта, им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на гласачкото ливче.

-Веднаш е известен одделот за внатрешна контрола и се постапува за да се расчисти овој случај, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Поврзани новости