Полицаец во Битола се самоповредил со службениот пиштол

by Fokus

Полициски службеник во Битола се самоповредил со службениот пиштол, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„На 10.5.2020, околу 9:40 часот, во СВР Битола било пријавено дека на паркинг-простор пред угостителски објект на ул. ‘Македонска фаланга’ во Битола еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола“, – информираат од МВР.

За настанот се запознаени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Поврзани новости