331
Полицаец вчеравечер успеал да спаси повозрасна жена која скокнала во водите на езерото во близина на Крушево, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Имено, како што информираат оттаму, синоќа околу 21:15 часот во крушевската полиција било пријавено дека 68-годишна жена има намера да се фрли во езерото во близина на Крушево.
Полициски службеници се упатиле на местото и ја затекнале жената во моментот кога скокнала во езерото.
„Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н. П., скокнал во езерото по неа и ја спасил“, соопштија од МВР.
По настанот, жената била пренесена во Здравствениот дом во Крушево.