Полицаец ранил колега додека го чистел пиштолот

by fokus

Во касарната Илинден, 26-годишен полицаец подготвувајќи го пиштолот за чистење го погодил својот колега кој бил во истата просторија. Повредениот полицаец, на возраст од 27 години, е пренесен во болница, поради повреда во надколеницата, информираат од МВР.

-На 03.05. 2019 околу 15,00 часот пријавено е дека во касарна Илинден полицискиот службеник З. М. (26) при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница полицискиот службеник Ц. А. (27) кој бил во истата просторија. Повредениот е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости