Полицаец призна дека пукал во две лица во тетовско, ранетите пренесени во Клинички центар

by fokus

Во Клиничката болница во Тетово вчера вечерта биле донесени 26-годишниот Ф.В. и 22-годишниот А.Х. кои имале повреди од пиштол, по што биле пределени во Клиничкиот центар во Скопје.

Според полицијата повредените биле ранети во објект за видео игри во тетовското село Вејце. По увид во објектот најдена е чаура со калибар 9 мм и траги од крв.

Од МВР информираат дека во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.

„Полицискиот службеник Н.Х. задржан е во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости