Полицаец од Унгарија џогирал кај „Негорски бањи“ и починал

by Fokus

40-годишен полициски службеник од Унгарија бил пронајден мртво во близина на комплексот Негорски бањи. Тој претходно заминал со колега да џогира, по што паднал во бессознание и починал.

„На 18.10.2018 година во 13,30 часот во Полициска станица Гевгелија од вработен во „Негорски бањи“ било пријавено дека на локалниот пат кај комплексот Негорски бањи, П.Ф.(40) полициски службеник од Р.Унгарија бил пронајден паднат на земја без знаци на живот. Тој со негов колега заминал да џогира околу хотелскиот комплекс, по што во еден момент паднал. Од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институт за судска медицина за обдукција“, велат од МВР.

Поврзани новости