Полицаец од Демир Капија си го силувал синот – одреден му е притвор

by fokus

Полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години си го силувал синот кога бил на возраст од 17 години.

Кавадаречкиот суд му одреди триесетдневен притвор.

-Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години, се вели во соопштението на Судот.

 

Поврзани новости