Во Кратово синоќа Д.П. (33) со остар предмет нападнал полицаец кој вршел службени дејства, по што полицаецот бил приморан и испукал два куршуми во воздух.
Како што велат од МВР, по преземени мерки било утврдено дека Д.П. претходно физички нападнал едно лице, а оштетил влезна врата и инвентар во еден маркет. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.