Полицаец испукал куршум од службениот пиштол, се повредил во раката

by Fokus

Во СВР Скопје вчера во 13.48 часот било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил во раката.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош.

За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Поврзани новости