593
Во пукањето што се случи вечерва во Младеновац две лица загинаа, а седум лица се ранети. Според неофицијални информации, во пукањето загинале полицаец и неговата сестра.
Како што јавуваат српските медиуми, вооружениот напаѓач ги испукал рафалите од автомобил во движење.
Наводно тој пукал од автоматска пушка, а потоа избегал од местото на настанот.
Сите расположливи полициски сили во моментов се на терен во потрага по вооружениот напаѓач.
Засега не е позната состојбата на повредените, меѓу кои има и деца.
На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.Б., 21 година, е распишана потерница.