Полицаец го убил шефот во полициска станица во Австрија

by Fokus

Во полициската станица во Трибен, Горна Штаерска, офицер го застрела командирот на станицата за време на утринскиот состанок.

Според информациите, несреќата се случила утринава околу 7 часот и 45 минути, кога 46-годишен полицаец испукал истрел во кој загинал 59-годишниот командир на полициска станица во Австрија.

Имено, на состанокот дошло до вербална меѓу колеги, по што еден офицер испукал три куршуми од службеното оружје Глок 17 и го застрелал командирот.

Поврзани новости