Политиката е порно, затоа ја водев кампањата гол – појасни Ѓорѓи Георгиев, кандидатот за градоначалник на Софија

by fokus

Во неделата во соседна Бугарија се одржаа локалните избори, каде најмногу гласови за градоначалници освоија кандидатите на бугарската владејачка партија ГЕРБ, на чело со Бојко Борисов.

ГЕРБ води и во главниот град Софија, каде досегашната градоначалничка од редовите на ГЕРБ Јорданка Фиданкова ќе влезе со предност во вториот круг наспроти Маја Манолова, поддржана од опозициската БСП и националните партии. Кандидатот за градоначалник на Софија од Бугарско Национално Обединување, Ѓорѓи Георгиев – Готи, кој стана хит на социјалните мрежи со својата несекојдневна кампања, ја изгуби шансата да застане на чело на Софија.

Имено, Готи по професија е пејач и актер, а на рекламните материјали позираше гол со тиква. Неговото мото на изборите беше – Да направиме од тиквата зелник со тиква за народот! За бугарските медиуми тој појаснува дека е најатрактивниот кандидат, и си гласал за себе.

-Фотографијата на рекламните плакати е вистинска, фотошоп имаше само на брадата и на косата. Позирав сосема гол, бидејќи нема што да кријам од бугарските гласачи! Многумина ме прашаа зошто сум гол, и зошто баш со тиква во рацете? Затоа што политиката е едно големо порно – појасни кандидатот за градоначалник.

Вики Клинчарова

Поврзани новости