пишува Агим Јонуз
Некаде кај Октомври народот вика ‘’ај да го искористиме циганското лето’’ и да довршиме што имаме работа. Преданијата велат дека тоа се последните сончеви денови во кои циганите ( архаизам) можат да се избањаат уште еднаш пред долгата зима и го користат тој период да се спремаат за студовите. Не знам ни сам зашто го пишувам ова ама нешто ме тера во ова баш преговарачко меѓувреме т.е. ( бонус време /gaming) да се сетам на таа стара народна фраза. Дали нашите политичари го користат и дали воопшто ке го искористат своето циганско преговарачко лето пред виулиците? Она, вистинското лето наместо да работат во Август го искористија да ладат јајца кој на Егејот, кој по свет! Мизерија! Патриоти!
Луѓе на кои им е дадена во раце да ја раководат едната од најмладите ( административно) земји на светот? Она стадо ( не реков стока) од народ гледа, блее, навива, слуша, пуши ли пуши,… и тивко по седенки да не го чуе никој псуе и држава и политика и се прашува не дали, туку кога ке се распадне државата. Таа пука по шавови на сите страни, ама се додека се медиумите онакви какви што се,.. за стадото ке има трева за пасење колку сакаш. Арно, ама… и у стадото нешто се дешава очигледно.
Кога сме кај циганското политичко преговарачко лето, на преговорите не може да не забележиме една работа. Ванхојте доаѓа на велосипед ( си нема чоекот комплекси дека е сељак) а се останато до вчера што било у Свирипичино у кал до колена доаѓа со аута памет да ти застане. Со телохранители ( го заболе некого нив да ги убива), со ‘’Бицијани’’,.. а бе да ти се повраќа! И, сето тоа ‘’ у име народа’’. Р. Македонија треба ВЕДНАШ да најде модел со кој таа нема да биде заложник на ничија суета. Политичарите си пукаат самите у нога со тоа што не покажуваат ниту малку сенс дека тие се тука ПОРАДИ ДРЖАВАТА И НЕЈЗИНИТЕ ИНТЕРЕСИ ( да не речам опстанок) А НЕ ДРЖАВАТА ПОРАДИ НИВ! И додека гласноговорниците на власта по дебатните емисии набројуваат можни тези каква ке биде разврската, еден од најголемите бисери на македонскиот медиумски простор ( читај ЛАТАС) кај Јанко бурек вели ( колку се сеќавам де), дека странците инсталираат сценарио да на крај победи СДСМ, да се смени името, да се направи федерализација, ( можеби не слушнав добро, де) и на крај онака во модел каков што они посакуваат да не пикнат у НАТО и ЕУ!
А бе дечко, лепи, скопски мангупе, ти добро знаеш дека ако они така решиле, ти можеш уште дваесет газди Ѕинговци да имаш и уште дванаесет Грујовци дома на виски, има да плешеш као што музика свира! И сам знаеш дека кењаш кваки, ама платен си да кењаш и те разбирам. Јас, а верувам и најголемиот дел од граѓаните секако не е среќен со тоа, ама ако сметаш дека поинаку би можело нешто да функционира, да не одиме понатаму. Едно прашање за Латас. Друже, знаеш ли зошто Албанија која до пред дваесет и нешто години живееше во мрак сега е на дереџе какво што е, а тврдам по перспективно од нашето? Не им се курчеше на јабанџиите премногу, затоа што знаеше дека овака или онака, зависи од нив! Дали ние имаме преголемо мандало па сметаме дека туку така можеме сами да решаваме за сопствената судбина?
На 122 годишницата од прославата на ВМРО ( Private holiday party), се што не е брадосано во историјата или се што не пољубило кама и пиштол може слободно да се носи у три пичке материне, зошто тестаментот на оваа земја го пишувале само они, а све друго може да се смести у на мајка му назад. Таа теза во етерот е толку смешна ( не реков преопасна) што не вреди да се дискутира, зошто ако ја дефинираме како трагична, само ке си додадеме уште еден камен на душа непотребно. Подобро да се насмееме отколку да плачеме нели, зошто ако земеме една реална политичка дискусија во која секој ке вади на маса што има да каже, ке треба да се испогаѓаме сите со пепељара по студио.
Тие исти ( не реков морони) забораваат дека кога двојца се препуцаваат со пепељари у студио ( фигуративно) надвор масата се препуцава со калашњикови. Аман, боже, с краја да е! Ионака на сите срцето веќе им е у гркљан. На овој простор на секого што е автохтон е не е антички македонец треба да му е чест што е спомнат во говорот на премиерот, затоа што не заборавил дека тука има и албанци ( ‘’да,. да, шиптаришта’’), турците граделе инфраструктура и биле тука 500 години од што немале друга работа. Србите не ги спомнувам зашто тие сеуште си живеат во својата ‘’Вардарска Бановина’’ само си ќутат мудро. Теза дека овде секој еден што не е македонец а живее тука е ‘’просветлен’’. А бе луѓе, ова лудило ке мине, ама страшно е, застрашувачки е да помислиш колкави ли ке бидат историските даноци на лудилото во кое живееме. Ова чак не е ни лудило. Ова е беснило!
Да му се вратиме на ‘’политичкото циганско лето’’ и пробиените рокови за конечен договор на ‘’големата четворка’’. А бе дајте ‘’петти елемент’’ ако треба! Спасите ја државата! Има ли бе овде норамални луѓе? Алоооо!!!! Да простите на простаклакот, ама ке ни ебе мамата мамина на сите нас спинот во кој живееме! Комодитетот на пашалакот наречен ‘’ да не сме ние нема ни Македонија да ја има’’. Се распаѓа се, сите тоа го гледаат, сите го перцепираат страшниот развој на несогласувањата, сите се очајни во крикот ‘’достааааа…!!!’’, а сите како попчиња си лапаат политичка сармичка и во својата мизерија се среќни што купиле ден.
Најмилите нѐ оставаат да се давиме у купчето гомна што сами сме го направиле. Децата! Неповратно – метак у јабана! Очајно, како татко молам некој да му објасни на син ми зашто не треба да си оди. Јас не успевам. Немам доволно силни аргументи. Ме побива во 9 од 10 аргументи. Клетвата ке стигне! Веќе не е прашање дали,.. туку кога! Бегајте деца,.. бегајте,.. Нека е господ со вас. Кога не можеме ние старите…..