288
Лаура Захслехнер, која до неодамна беше генерална секретарка на владејачката Народна партија на Австрија, бара да се запре приемот на барања за азил.
„Во споредба со 2016, кога поставивме горна граница за прием на молби за азил од 37.500, оваа година посочениот лимит одамна го надминавме. Со тоа, нашиот систем ги достигна неговите граници на оптоварување“, напиша таа на Твитер.
Според неа, за да се спречи ситуацијата и понатаму да се влошува, потребно е да се запре приемот на барања за азил.
До крајот на август во Австрија се примени 56.000 барања за азил.
Захслехнер неодамна поднесе оставка на својата позиција како генерална секретарка, откако партиски колеги не застанаа во нејзина одбрана кога бараше поостра политика кон мигрантите.