Поларна мечка дојде во град по храна

by Fokus

Гладна поларна мечка се појавила на улиците на индустрискиот град Норилск во Русија.

Белата мечка  во потрага по храна минала неколку стотини километри и стигнала до градот Норилск.

Женката мечка, очигледно слаба уморна и болна лежела со часови на земјата  во градот Норилск.Ова е првата поларна мечка видена во градот во последните 40 години, изјавиле жителите на Норилск.

-Мечката се уште кружи околу фабриката, а таму се полицијата и другите надлежни служби, изјавил за АФП претставникот на еколошката служба Алекандер Коробкин.

Глобалното затоплување и климатските промени ги уништија ледените пространства населени со поларни мечки, поради што овие животни сега се принудени храната да ја бараат на копно, доаѓајќи на тој начин во близок контакт со луѓето.

На северот на Русија на почетокот од годинава е прогласена вонредна состојба откако повеќе од 50 бели поларни мечки се појавиле во населен реон во кој живеат неколку стотина жители.

Поврзани новости