Ја собравме цела македонска и пола балканска естрада на роденден, порачаа од естрадниот магазин ,,Бекстејџ” кој синоќа во хотел во Скопје прослави 16 години успешно функционирање.
На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.
-Директно од Белград, на роденденот на „Бекстејџ“ дојдоа мегапопуларните Нучи, Зера, Хени и Попов, кои добија награди и уживаа до самиот крај на манифестацијата.
Награди добија и Лара Иванова, Пајак, Галоски, Сара Климоска, Елиф Елмас, нашите одбојкари, Либеро бенд, Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ и единствениот Дарко Димитров.
Награда за општествено одговорна кампања доби „Макпетрол“, наградата за најуникатен локал ја доби „Голд Фелициа“, а „Универзитет Скопје“ доби награда за поддршка на македонската музичка сцена.
Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите. Роденденската прослава на Бекстејџ сигурно е еден од нив. Не само затоа што е настан каде се собира цела јавна фела, туку затоа што со тие неколку часа прослава ние раскажуваме цела една наша година. И не се фалиме самите себеси, туку на пиедестал ги редиме достигнувањата на другите видени низ наша призма – вели уредничката Ева Јакимовска.
Во изминатите 16 години, освен македонските и балканските ѕвезди, пред објективот на Бекстејџ се појавија и 50 CENT, Џони Деп, Тиесто, Зизи Топ, Роџер Санчез, Пол Ван Дајк, Роберто Кавали, Дејвид Гета, Ели Голдинг, Виз Калифа, Моника Белучи и многу други.
Вики Клинчарова