Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, потврдил дека заедно со неговата адвокатска канцеларија PILPG (Меѓународна група за јавна политика и право) и тимот меѓународни адвокати работи на прашањето за непочитување на Охридскиот договор и меѓуетничкиот легитимитет на институциите во државата.
На прашање на телевизијата Клан Македонија, Вилијамс потврди дека работат на предлог платформа за правична и соодветна застапеност во процесот на формирање на Владата и меѓуетнички легитимитет на Владата.
Претходно, лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека контактирал со Вилијамс и му ја објасни ситуацијата создадена во Македонија по изборите на 8 мај, при што го ангажира експертот за меѓународно право да подготви прњдлог платформа за меѓуетничкиот легитимитет на институциите во согласност со Охридскиот договор.
Вилијамс им помогна на многу страни во меѓународните мировни преговори и советуваше многу држави за изготвување и спроведување на постконфликтни устави. Тој служел и како правен-советник за европски и канадски прашања во Канцеларијата на правниот советник на Стејт департментот на САД.