Пол Макартни стана првиот британски милијардер музичар, според листата на богаташи на Sunday Times објавена денеска.
Богатството на 81-годишниот основач на „Битлси“ се зголеми со „многу турнеи, вреден каталог и мала помош од Бијонсе“, која ја обработи песната „Blackbird“.
Богатството на Макартни се проценува на 1 милијарда фунти.
Листата на Sunday Times покажа дека бројот на милијардери во Обединетото Кралство паднал на 165, од рекордните 177 во 2022 година.
Дел од причината лежи во планот на владата да стави крај на мерката жителите на ОК да не плаќаат данок на приходите во странство следната година.
Списокот покажа дека и богатството на кралот Чарлс III пораснало, за 10 милиони фунти, на вкупно 610 милиони, благодарение на зголемувањето на вредноста на неговиот недвижен имот.
Хемискиот тајкун Џим Ретклиф, кој претходно оваа година купи удел во фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, пронаоѓачот Џејмс Дајсон и сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, поминаа помалку добро.
Нивното богатство од повеќе милијарди фунти се намали.