Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на извештаите од извршениот мониторинг над изборното медиумско известување, а во согласност со Изборниот законик, поведе прекршочни постапки против ТВ Нова, ТВ Алсат-М и ТВ 24 Вести.
Прекршочни постапки против ТВ Нова и ТВ Алсат-М се поведуваат поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање.
„Мониторингот врз ТВ Алсат – М, покажа дека на 26 и на 28 септември 2017 година, на еден реален час емитувана програма, одвоено е повеќе од законски дозволеното време за политичките партии во Собранието на РМ што немаат пратеничка група. Со надзорот пак врз ТВ Нова, кој се однесува на периодот 28 септември и 1 октомври 2017 година, се утврди дека на еден реален час емитувана програма, емитувано е повеќе од дозволеното време за политичките партии во опозиција“, велат од Агенцијата
Во случајот со ТВ 24 рекршочна постапка е покрената поради непочитување на правилата за објавување резултати од испитување на јавното мислење, во прилогот насловен – „Седми ден кампања за Локалните избори“, емитуван на 1 октомври 2017 година.