Покрената е петиција за наставничката ранета во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград да добие национална пензија

by Fokus

На веб-страницата peticije.online е покрената петиција за наставничката Татјана Стевановиќ, која беше тешко ранета на 3 мај во пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, да добие национална пензија.

Петицијата ја започнаа нејзините колеги, но и сегашни и поранешни ученици.

Како што се наведува, оваа иницијатива е покрената како израз на емпатија, солидарност и поддршка кон наставникот Стевановиќ лично, „со јасна порака за важноста и положбата на наставничката професија“.

Досега на петицијата се потпишале 8.450 луѓе.

Масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ го изврши ученик на таа образовна институција К.К.(13).

Големата трагедија се случи околу 8 часот и 40 минути кога овој седмоодделенец, уби 8 ученици од ова училиште и еден обезбедувач, а повреди 6 ученици и наставник по историја.

Поврзани новости