Надокнада од 3.000 денари за секоја заклана свиња од страна на селските домаќинства ќе дава Владата како мерка за намалување на можноста на влез на свинската чума во земјава. Покрај тоа ќе биде активирана забaрна за трговија со живи свињи, внес на сувомесни производи од патници при влез во земјава како и продолжување на отстрелот на дивите свињи од страна на ловџиите.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека ловечките друштва треба за 10 дена да извршат отстрел на половина од дивите свињи од планот за отстрел за годинава. Доколку тоа не успеат да го направат ловечките друштва ќе биде ангажиран Армијата да ја заврши задачата.
– Ловџиите кои ќе вршат отстрел на диви свињи ќе добиваат парична награда од 1000 денари за секоја стрелана единка. Освен наградата, ловците ќе го задржат и месото – рече Анѓушев.
Тој инфорира дека околу 18.000 свињи се одгледуваат без биосигурносни мерки во земјава и селските семејства ќе треба да ги заколат за што ќе добијат надокнада од 3.000 денари по свиња.
– За да ја реализира оваа мерка Владата ќе потроши 65 мииони денари кои ќе бидат обезбедени со ребалансот на Буџеот – појасни Анѓушев.
Тој рече дека итно ќе биде забранета трговија со живи свињи, а сите домашни свињи кои се оставени да се хранат на диви депонии ќе бидат заклани.
Министерот за земјоделство Трајан Димковски рече дека државата навреме презела мерки да не дојде до влез на вирусот на свинска чума во земјава, но отстрелот на дивити свињи оди тешко, бидејќи е време на одмори и ловечките друштва досега застрелале сaмо една дива свиња.